| четврток, 6 декември 2018 |

„Златна мечка“ за кинескиот „Црн јаглен, тенок лед“

berlinale

Престижната награда на Берлинскиот филмски фестивал „Златна мечка“ ја доби кинескиот „Црн јаглен, тенок лед“ на режисерот Диао Инан. Кинескиот актер Лијао Фан беше награден за улогата на поранешен полицаец во истиот филм. Специјална награда од жирито на Берлинале доби Американецот Вес Андерсон за филмот „Гранд хотел Будимпешта“. Оваа награда се смета за второ по големина признание по „Златната мечка“ за најдобар филм.

Наградата „Сребрена мечка“ ја доби американскиот режисер Ричард Линклетер за филмот „Адолесценција“. Сребрена мечка за најдобра актерка доби Јапонката Харун Кароки за улогата на собарка во Токио за време на војната во филмот „Малата куќа“.

Германците Ана и Дитрих Бригеман, брат и сестра, беа наградени за најдобро сценарио за филмската драма „Крстопат“. Наградата за најдобра камера ја доби кинескиот уметник Јиан Зенг за драмата „Слепа масажа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top