Најмалку 12 лица го загубија животот, а 1.200 се повредени, додека стотици илјади домаќинства се без електрична енергија поради новите снежни врнежи што го зафатија Токио и источниот дел на Јапонија. Според јапонските власти во Токио снежната покривка изнесува 27 сантиметри. Тоа е најголемата снежна бура што го зафатила јапонскиот главен град во последните 45 години.
Најголемиот јапонски авиопревозник „АНА Холдингс“ откажа 338 домашни и 12 меѓународни линии. Во Кавасаки, западно од Токио во судар на возила повредени се 19 патници, а околу 250 возила се заробени на пат во областа Нагано.
Поради снежното невреме околу 246.000 домаќинства останале без електрична енергија, а околу 18.000 се целосно исклучени до мрежата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.