Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето Б.М. (34) од Скопје, сопственик на туристичка агенција „НОА Травел“ Доо
Скопје, поради сомнение за кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
МВР соопшти дека пријавената со намера да се стекне со противправна имотна корист, употребила податоци од вистински платежни картички од странски државјани, при што во мај 2012 година на продажно место од туристичката агенција „НОА Травел“ Доо Скопје, преку гласовна авторизација во две домашни банки извршила повеќе нелегални трансакции од
кои две успешни, со што нелегално се стекнала 402.187 денари или околу 6.500 евра.
Пријавената имала склучено договор со банките за реализација на трансакции без физичко присуство на платежна картичка, односно со гласовна авторизација, а со намена за резервација на хотелски престој и авио билети на туристи.
– Б.М. по претходен договор со лице – странски државјанин, на е- маил адреса на нејзината туристичка агенција добила нелегално обезбедени податоци од вистински платежни картички на странски државјани, по што преку гласовна авторизација во двете домашни банки извршила нелегални трансакции на име на странскиот државјанин за „наводна
резервација“ за хотелски престој и авио билети за престој на бизнис група од Велика Британија, информира МВР.
Странските банки издавачи на картичките, како што е наведено, доставиле известување до домашните банки, за злоупотреба на реализираните трансакции, по што ја известиле пријавената дека се работи за спорни трансакции. Покрај известувањето од банките дека станува збор за злоупотребени податоци од платежни картички, пријавената ги подигнала
парите од нелегалните трансакции.
Дел од парите пријавената ги задржала за себе по основ на „наводните резервации“, а дел по претходен договор со лицето-странски државјанин, преку банкарски трансфер ги префрлила на странска сметка за наводни резервации за авио
билети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


