Македонскиот ракометен шампион Вардар во недела го игра претпоследиот дуел од првата фаза во Лигата на шампионите против Вакер Тун. „Црвено-црните“ ги задржуваат шансите дури и за второто место во групата во случај на две победи во последните две кола.
Капитенот на македонскиот шампион Филип Лазаров предпреди дека Вакер Тун не е нималку слаба екипа.
– Епитетот аутсајдер Вакер Тун го носеше уште од почетокот на Лигата на шампионите во нашата група. Така е и сега со само еден освоен бод од осум кола. Тој бод е освоен во Скопје против Металург и не смее да не залажува моменталната ситуаација на табелата. Тие ќе сакаат да се простат со добра игра во Скопје против Вардар. Ги краси тимската игра и борба до самиот финиш на натпреварот. Токму нивниот натпревар против Металург во СЦ „Борис Трајковски“ треба да не држи концетрирани. Нема добиен натпревар однапред – изјави капитенот Филип Лазаров.
Тренерот на Вардар Раул Гонзалез Гутиерез истакна дека мечот со Вакер Тун ќе послужи за испробубање на нови тактики во тимот.
– Овој натпревар нема таков притисок како против Динамо Минск кој мораше да го победиме. И овој натпревар како и сите други од Лигата на шампионите се со иста важност за нас. Во недела ќе испробаме некои нови тактики кои треба да ни послужат во иднина кога ќе играме далеку потешки мечеви. Ќе играме со ист интезитет како минатата недела. Добро е што дел од повредените играчи се се подобри и треба да ни помогнат во останиот дел од сезоната каде не очекуваат тешки натпревари. Вакер Тун игра цврста одбрана и ги краси тимскиот дух. Доказ за тоа е одличното полувреме против Барселона каде се држеа со гигантот цели 25 минути и натпреварот во Скопје против Металург каде го освоија едниствениот бод до сега во Лигата на шампионите – истакна Раул Гонзалез Гутиерез.
Натпреварот се игра во недела во 18.00 часот, а вратите од СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени во 16.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.