| четврток, 6 декември 2018 |

Опасна фурија нè зафати, Шпанија ја победи Македонија со 12-0

Вистински дебакл со дузина примени голови доживеа женската репрезентација на Македонија во фудбал, на квалификацискиот меч против Шпанија. „Црвената фурија“ нè декласира со 12-0, што е огромна и разлика во кој било спорт, особено во фудбалот. Квалификациите за пласман на СП, по сè изгледа, се завршени уште на самиот почеток од циклусот, а Андонова и нејзините колешки на теренот, предводени од селекторот Добре Димовски, беа немоќни против разиграната „црвена фурија“.

Немоќта на противничките од Македонија ја искористи Наталија Паблос и си постигна дури пет гола, а Букет, Хермосо и Бермудез стрелаа прецизно по двапати. Лосада постигна еден гол за фуриозни 12-0 за Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top