| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Јариќ – дефиниција за грд човек со убава сопруга

Поранешниот кошаркар Марко Јариќ се најде во речникот на популарниот интернет сајт „Урбан дикшнери“ под дефиниција „Марко Јариќ’д“.

Овој поим во нивниот речник опишува човек што успеал да освои девојка што е многу над неговата класа.

– Адријана е многу позгодна и поубава од Марко. Не знаеме како успеал да ја освои, затоа мора да постои посебна дефиниција под име „Марко Јариќ’д“ – се наведува во соопштението.

„Урбан дикшнери“ е познат по слободните дефиниции од секојдневните зборови, кои се веќе како сленг. Така на комичен начин е претставен српскиот кошаркар, кој е во брак со Лима од 2009 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top