Сенаторот од редовите на републиканците, Ранд Пол, вчера побара судски процес против американскиот претседател Барак Обама во врска со програмата на Агенцијата за национална безбедност (НСА) за електронско следење, јави ДПА.
Во тужбата, која ја поднесе сенаторот, се споменуваат и началникот на Националното разузнавање на САД, Џејмс Клапер, директорот на НСА, Кит Алекзандер, и директорот на ФБИ, Џејмс Коми.
Според документот, програмата за собирање лични податоци на клиенти на телекомуникациските компании, која дејстува од 2006 година го нарушува Четвртиот амандманд во Уставот на САД. Со тој амандман се забранува извршување на „неосновани претреси и конфискувања“’ и се бара сите наредби за претрес да содржат детален опис за лицето, чии работи се одземаат.
– Очекуваме овој случај да стигне до Врховниот суд на САД и верувам дека американскиот народ ќе победи – изјави сенаторот Пол на прес-конференција во Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Девојката турната од мост ја тужи нејзината другарка
-
Откако Ѓоковиќ го тужеше Рио де Женеиро, сега бразилските власти го тужат Ноле