| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со скок од едно место на 83. позиција на ранг-листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 83. позиција на новата ранг-листа на ФИФА, што е напредок за една позиција во однос на последното рангирање. Националниот тим не настапи во јануари, а првиот пријателски меч во 2014 година ќе го играме на 5 март, кога на арената „Филип Втори“ ќе ни гостува селекцијата на Летонија.

На врвот на листата на ФИФА нема промени, па лидер остана европскиот и светски шампион Шпанија. Зад него е Германија, а третата позиција ѝ припаѓа на Аргентина. Во топ 10 се и Португалија, Колумбија, Швајцарија, Уругвај, Италија, Бразил и Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top