| четврток, 6 декември 2018 |

Ликовен перформанс во “Феникс“- сликање со природни бои

Во Културниот центар “Феникс“, денеска се одржа ликовен перформанс “Познатите сликаат“, на кој се слика исклучиво со природни бои. Намерата на организаторите – Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија Презент“ и Издавачката куќа
“Феникс“ е да се направи експеримент при што творците ќе користат: варзиво, вино, чај, кафе, спанаќ, цвекло, лушпи од кромид, жолчка од јајце и други слични материјали.
На природен и здрав еколошки начин со органски продукти ќе се обидат да создадат креативни и иновативни дела повеќе ликовни творци, писатели и други познати личности, а нивните нови ликовни творби ќе бидат дел од постоечката збирка на “Галеријата на познатите“, која брои веќе над седумдесет дела од над педесет познати и значајни автори.
Ликовниот перформанс се одржува во рамките на “Фестивалот на чајот и читањето“, кој ќе трае до 8 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top