| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета не дозволува внуката да се вика Дајана

Принцот Вилијам и принцезата Кејт наводно одлучиле нивното дете ако биде девојче да го крстат Дајана, по мајката на принцот, но кралицата Елизабета втора се противела на нивната одлука.

 Според британските медиуми, кралицата поради нејзиниот статус има апсолутно право да одреди како ќе се вика потенцијалниот наследник на тронот, а името Дајана не било пожелно.

Кралицата на почетокот на годинава го промени законот според кој детето на Вилијам и Кејт без оглед на полот може да го наследи тронот. До сега женско дете можеше да постане монарх само ако нема брат што е случај со самата кралица Елизабета втора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top