| четврток, 6 декември 2018 |

Пред 20 години почина „Принцезата на народот“

На денешен ден пред точно две децении принцезата Дајана го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Париз, а ден денес го интригира целиот свет во својот живот и желбата да не се вклопи во одамна поставените правила.

За неа се знае многу, сакала да изгледа женствено, па од раната младост се грижела за своето лице и тело.

Скромноста како особина ја красела целиот живот, а тоа најмногу можело да се забележи по гардеробата која ја носела. Се занимавала со балет и тоа одлично и одело.

Принцезата Дајана не сакала да носи премногу накит, па секогаш носела добро одбрани парчиња гардероба кои се вклопувале.

Како што многупати истакнувала, децата ги сакала најмногу и била многу поврзана со нив за време на нивното растење.

Дајана настрада во парискиот тунел на 31 август околу полноќ. На лице место загинаа нејзиниот љубовник Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Паул за кого се пишуваше дека имал алкохол во крвта. Несреќата ја преживеа телохранителот Тревор Ресе-Џонс, додека Дајана почина четири часа подоцна во болница.

Минута по несреќата, во полусвест на задното седиште во автомобилот, со смачкана глава и граден кош, како што кажува Џонс, тивко го довикувала Доди.

Околу еден часот наутро, информацијата за несреќата преку амбасадорот стигнала и до палатата во Шкотска каде биле поранешниот сопруг на Дајана, принцот Чарлс и неговата мајка кралицата Елизабета Втора. На Чарлс му каќале дека Дајана била повредена во сообраќајна несреќа, односно дека и била само скршена раката.

Преку новинарите околу 3:30 часот принцот и кралицата дознале дека Дајана починала во операционала сала. Следувал хаос. Елизабета го наговорила Чарлс да не ги буди малите принцови, туку тажната вест да им ја каже наутро.

Чарлс бил надвор од себе. Знаел дека јавноста ќе го обвинува него и се плашел дека е загрозен и самиот опстанок на монархијата. Дополнително се ужаснувал од медиумското внимание кое ќе го добие неговата љубовница Камила, кога уште таа ноќ телефонски го тешела. Следното утро кога на Вилијам и Хари им кажале дека нивната мајка загинала, ги однеле на миса додека во Лондон владеел хаос.

Чарлс со сестрите на Дајана со приватен авион отишол по нејзиното тело, а Елизабета и Филип одбиле да се вратат во Лондон. Тврделе дека сакаат да ги заштитат децата пред соочување со јавноста на погребот.

Премиерот Тони Блер постојано и се јавувал и и велел дека во име за спас за монархијата треба да даде изјава и да се врати во Лондон. Чарлс се вратил во Балморал. По што започнале кавгите околу подготовките за погребот. Кралицата сакала истиот да биде приватен, но Чарлс и Филип ја убедувале дека тоа само дополнително ќе ги разлути граѓаните и дека треба да им се даде можност достоинствено да се простат од својата принцеза.

Погребот кој од самиот почеток траел повеќе од пет часа е одржан на 6-ти септември. Дури три милиони луѓе беа по улиците на Лондон, а преносот го следеле речеси три милијарди лица.

Кралицата на крај, на денот на погребот, прошетала пред палатата се поклонила пред ковчегот со телото на Дајана и за прв пат во историјата го спуштила знамето над Бакингемската палата на половина копје.

Вилијам и Хари во црквата седеле покрај своите баба и татко. Никој од нив не држел говор, но е забележано дека кралицата неколку пати суптилно се поклонила пред ковчегот.

Се шпекулира дека по повод 20 годишнината од смртта на принцезата Дајана, гробот ќе се пресели во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top