| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп дел од проектот за рециклирање на опасниот отпад

prilep-500

Прилеп заедно со уште шест други општини од Македонија е дел од проектот „Гоу клин од преносни батерии“, чија цел е заживување на системот за управување со овој вид опасен отпад.

Проектот ќе се реализира 12 месеци при што ќе се работи на градење на локалните институционални капацитети, на младинскиот активизам во основните и средните училишта и на подигање на јавната свест кај граѓаните како основен предуслов за успешно функционирање на системот за управување со овој вид на опасен отпад како и за заживување на имплементацијата на законот.

На промоција на проектот присуствуваа заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски и амбасадорот на Кралството Норвешка во Белград, амбасадорот Нилс Рагнар Камсваг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top