| четврток, 6 декември 2018 |

Аничебе го шокираше Челси (видео)

Синоќа беа одиграни четири меча од 26. коло од англиската Премиерлига, а вкупно беа постигнати пет гола.

Кардиф и Астон Вила во Велс одиграа без голови, Саутемтон ја совлада екипата на Хал со голот на Фонте, Вест Хем беше подобар од Норич, а победата му ја донесоа Колинс и Диаме.

Најинтересно беш на средбата ВБА – Челси, каде домаќините во финишот на натпреварот дојдоа до бод. Гостите имаа иницијатива уште од почетокот на натпреварот, а поведоа во финишот на првиот дел со голот на Бранислав Ивановиќ.

Сепак домашниот тим преку Аничебе дојде до реми, а Мурињо „остана краток“ за два бода.

Фудбалерите на Арсенал вечерва имаа прилика да се вратат на чело на табелата во Премиер лигата доколку триумфираат против екипата на Манчестер Јунајтед.

Премиер лига, резултати:

Вест Хем 2-0 Норвич
Хал Сити 0-1 Саутемптон
Кардиф 0-0 Астон Вила
ВБА 1-1 Челси

Вечерва играат:

Евертон – Кристал Палас,
Манчестер Сити – Сандерленд,
Њукасл – Тотенхем,
Стоук – Свонси
Фулам – Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top