| четврток, 6 декември 2018 |

Полусестрата на Робертс пред да почине: Џулија е кучка!

Помладата полусестра на оскаровката Џулија Робертс, Ненси Моутс, која во неделата беше пронајдена мртва во Лос Анџелес, во последните објави на „Твитер“ пишувала твитови полни со омраза за нејзината полусестра.

– Само да знаете, американската „срцка“, всушност е вистинска кучка – напишала Ненси само три недели пред нејзината смрт.

nancy-motes

Ненси и Џулија

Со месеци наназад, 37-годишната Моутс на социјалните мрежи пишувала за проблемите со нејзиното семејство и за тоа како сите ја напуштиле. Моутс, за која се претпоставува дека била љубител на наркотиците, посебен гнев чувствувала кој нејзината најславна сестра.

433705_sestra-dzulije-roberts-foto-twitter-dabbs76_ff

37-годишната Ненси

– Сакате да бидете фан на некој толку суров? Таа не е ни толку добра актерка. Среќна си што тотално ме за**а? – пишува бесно Ненси во еден од твитовите.

Кавгата помеѓу сестрите трае од 2011 година, кога актерката јавно ја критикувала својата полусестра за нејзината килажа, а Ненси и претходно раскажувала за тоа дека Џулија секогаш ја исмејувала за нејзиниот изглед.

julia-roberts-and-her-brother-erick-and-sister-lisa

Џулија, Ерик и Лиса Робертс

Џулија и Ненси, која е асистен продуцент на популарната серија „Хор“, имаа иста мајка, а различен татко. Тие имаат уште една сестра Лиса, која е актерка, како и братот Ерик Робертс, кој со неговата ќерка Ема, се познати холивудски актери.

Ненси беше пронајдена мртва од страна на енјзиниот вереник, во купатилото на нивниот заеднички стан во Лос Анџелес и се претпоставува дека починала од предозираност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top