| четврток, 6 декември 2018 |

„Тортијада“ во општина Ѓорче Петров

тортаСлаткарници и ресторани, кои професионално изработуваат торти, но и заинтересирани граѓани во категоријата аматери ќе учествуваат на осмата тортијада „Слатка мистерија 2014“ што ја организира Општина Ѓорче Петров.
Во ревијалниот дел, кој ќе се одржи во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ (старо кино), ќе учествуваат 43 аматери и професионалци од девет скопски општини, а спонзорите на своите штандови ќе нудат бесплатна дегустација на своите производи. Ревијалниот дел ќе биде од 15.30 до 19.30 часот. Првпат на „Тортијадата“ ќе учествуваат и ученици од општината, кои ќе се натпреваруваат во декорација на торти.
Официјалниот дел ќе почне по 20 часот, кога ќе бидат претставени натпреварувачите, ќе има лицитација на тортите и прогласување на победниците.
„Тортијадата“ ќе биде проследена со културно-забавна програма и настап на естрадни уметници и актери. Настанот ќе биде во ресторанот „Еленче“. Организаторот соопшти дека со собраните пари од продадените торти ќе бидат уредени санитарните јазли во градинката „Росица“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top