| четврток, 6 декември 2018 |

Мојсоски со аплауз пречекан во „Автокоманда“: Наскоро ќе се вклучам во тимскиот тренажен процес

По подолго време, во “Автокоманда“ дојде Наумче Мојсовски, кој одлично се опоравува по тешката повреда на коленото. Појавата на Мојсовски беше дочекана со аплауз од ракометарите на Металург и од раководството на клубот. Мојсовски изгледа повеќе од добро и во сала дојде без помош на патерици.

DSC_0319_resize

-Одлично се чувствувам, а процесот на рехабилитација се одвива подобро од очекуваното. Патериците ги отфрлив две недели пред предвидувањата, а сега работам вежби кои првобитно беа планирани дури идниот месец. Очекувам дека мојата рехабилитација ќе трае пократко, но, ајде тоа да го покаже времето. Наскоро заминувам на контрола во Австрија и таму точно ќе се виде во каква состојба е коленото. Лично, многу сум задоволен од досега сработеното и едвај чекам да почнам со конкретни индивидуални тренинзи, а покасно да се вклучам и во тимскиот тренажен процес“, изјави Мојсовски.

DSC_0302_resize

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top