Новините се воведуваат пред се заради поточно утврдување на знаењеа и вештините на кандидатот за возачка дозвола, односно неговата подготвеност самостојно и безбедно да управува со моторно возило, а согласно практиките во земјите од ЕУ.
-Со денешното започнување на примената на новиот Правилник за спроведување на возачкиот испит, односно неговиот практичен дел којшто ги опфаќа полагањето на полигонско возење и т.н. градско возење, заедно со измените што веќе се имплементирани во делот на теоретскиот испит всушност ја заокружуваме реформата во сферата на полагањето за возачка дозвола а со едниствена цел да се зголеми знаењето, вештините и безбедноста во управувањето со возилата на кандидатите за добивање возачка дозвола, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска при посетата на Испитниот центар за полагање на возачки испити во Велес, а токму по повод стартот имплементацијата измените во Правилникот за практично полагање на возачкиот испит коишто од денес стапуваат на сила.
На прво место е задолжителното снимање (аудио и визуелно) на целиот тек на практичниот испит, односно на двата дела – полигонско и градско возење, односно документирање на преземените дејствија од страна на кандидатите за добивање возачка дозвола, при што снимките ќе бидат архивирани 30 дена од денот на полагањето на практичниот испит за стекнување возачка дозвола. На овој начин целосно ќе се елиминира секаков субјективен фактор од страна на испитната комисија при полагањето, а истовремено на кандидатите ќе им се даде можност доколку сметаат дека имаат приговор по однос на оценувањето за таа цел да ги искористат како евентуален аргумент сниманиот материјал.
Времето на тестирањето на т.н. градско возење се зголемува од 15 на 25 минути а не подолго од 40 минути. Оваа новина се воведува пред се заради поточно утврдување на знаењеа и вештините на кандидатот за возачка дозвола, односно неговата подготвеност самостојно и безбедно да управува со моторно возило, а согласно практиките во земјите од ЕУ.
Исто така, новини во Правилникот се и дополнителните промени во содржината на оценувачките листи, пред се во делот на негативните поени, како и новите дејствија што кандидатите мора да ги направат во делот на полагањето на првиот дел од практичниот испит односно при полигинското возење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања
-
Ова е новата Преамбула на Република Северна Македонија
-
Десковска и Царовска молчат, Јовановска потврди дека процесот против Јанкуловска е политичка одмазда