Поројните дождови што го зафатија југот на Велика Британија рекордно го зголемија нивото на реката Темза. Реката веќе се излеала во неколку реони во близина на Лондон, односно во Виндзор, Итон- Ривер Сајд и Стеинс….
Поројните дождови што го зафатија југот на Велика Британија рекордно го зголемија нивото на реката Темза. Реката веќе се излеала во неколку реони во близина на Лондон, односно во Виндзор, Итон- Ривер Сајд и Стеинс. Од излевањето на реката, поплави се закануваат и во областите Беркшир и Сари, па агенцијата за итни ситуации веќе упати апел до жителите што поскоро да се евакуираат.
Спасувачките екипи имаат помош и од припадниците на британската војска, како и од морнарцата, кои забрзано работат на поставување вреќи со песок, а градат и импровизирани брани, што на некои места се високи и по 60 сантиметри.
Според метеоролозите, во Англија толку обилни дождови немало од 1766 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.