| четврток, 6 декември 2018 |

Необични сувенири од Сочи 2014

Уште една од низата необичности од Сочи се сувенирите кои можете да ги купите на официјалната страница на овогодишните Зимски Олимписки игри. За да бидат сигурни дека ќе ги купите нивните производи, Русите под секој сувенир ставиле занимливи описи кои ви сугерираат што да правите со некои сувенири.

Посебна, лимитирана е понудата играчки на официјални маскоти кои се означени со броеви од 1-2014, а чинат „само“ 2.260 руски рубљи, односно околу 3000 денари. Играчките со големина 40 сантиметри доаѓаат во комплет со сертификат.

– Имате можност да купите единствена играчка која е симбол на Зимските Олимписки игри, стои во описот.

Широката понуда вклучува магнети за фрижери, кадифени играчки, привезоци за клучеви, ќерамички фигури, древени кутии за накит, бабушки составени од филџанчиња, но и олимписка облека за кучиња, патни торби, торбички за фотоапарати, разни модни додатоци и велосипед кој не е велосипед туку санка.

igracki-soci1

Е-шоп Сочи 2014 година има дозвола од Меѓународниот олимписки комитет за испорака на стока во сите земји надвор од Русија, освен Бразил и Северна Кореја, стои во условите за доставата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top