| четврток, 6 декември 2018 |

Прв сувенир во чест на раѓање на принцезата Шарлот

бебе

Во лондонските продавници се појавија првите чаши во чест на раѓањето на принцезата Шарлот од Кембриџ, а во текот на неделата се очекуваат од Азија голем број сувенири.

За да се задоволат љубителите на британската монархија, компанијата „Принц Вилијам керамика“ од Ливерпул, произведе чаши со ликот на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, со натписот „Во знак на сеќавањето на раѓањето на принцезата Шарлот“.

Работилницата со сувенири на Англија нашироко копира чаши кои се произведени во летото 2013 година по раѓањето на првото дете на принцот Џорџ.

Центарот за трговија оценува дека пазарот со раѓањето на второто кралско бебе ќе им донесе 60 до 70 милиони фунти приход.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top