Вечерва во 20 часот, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе биде промовирана првата книга кратки раскази на Тамара Јолевска-Попов, со наслов „Ге-дур“.
Своите раскази авторката ќе ги претстави заедно со музичка поддршка на составот „Бета хаус“. Рецензент на книгата е Тина Иванова, а делото ќе го претстави и актерот Владимир Петровиќ.
– Kратките раскази на Тамара имаат мошне флексибилен ритам како во џезот, а од друга страна, пак, поседуваат наметлива и оптимистичка мелодија како во некоја каденца од Моцарт, која создава тензија да дојде крајот, па да се сфати суштината на целата приказна – вели Иванова.
Јолевска-Попов со години е дел од независната танцова сцена во Скопје. Автор е и на неколку драмски текстов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.