Семејството и адвокатите на покојниот Мајкл Џексон ѝ должат на државата 702 милиони долари поради затајување данок, пишува „ Лос Анџелес тајмс“.
По смртта на Мајкл, неговото семејство за вкупна вредност на неговиот имот пријавило 7 милиони долари и уредно плаќало данок за него. Меѓутоа, даночната управа после спроведената истага утврдила дека вкупната вредност на имотот од кралот на поп- музиката изнесува 1,13 милијарда долари.
Со каматите и останатите ненамирени уплати, семејството Џексон и сметководителот Џон Меклејн сега ѝ должат на државата 702 милиони долари.
Од оваа сума, 505 милиони долари должат поради неплатени даноци, а останатите 197 милиони се такси и казни за лажно пријавена вредност на имотот.
Како еден пример за оваа измама се наведува комплетниот каталог на групата „Битлс“, кој Мајкл го откупил, а пријавената вредност за него е неколку долари. Но, даночната управа овој каталог го проценува на 469 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Надворешниот долг за шест месеци пораснал за речиси милијарда евра
-
Притвор за тројца осомничени за убиството на семејството од Дебар