27-годишниот Британец Хари Мартин – Дрејер вложил голем труд и за да ја запроси својата девојка. Тој веслал 4.828 километри долж Атланскиот океан за да и даде прстен.
Хари од Гран Канари веслал со пријателот Алекс Бранд и покрај бурите, високите бранови, екстремните горештини и ајкулите, за на крајот по 50 дена да стигне на Барбадос и да ја запроси девојката, која за негова среќа се согласи да се омажи за него.
-Одвај можевме да одиме кога стигнавме – изјави Хари, а неговата девојка Луси била воодушевена.
-Беше фантастично, целосно изненадување – рече Луси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.