| четврток, 6 декември 2018 |

Железничката станица во Велес ќе добие нова чекалница, билетарница и тоалети

Железничката станица во Велес во најскоро време со пари од европските фондови ќе добие нов изглед. Велешката железничка станица да добие нова чекалница, билетарница и тоалети, ќе се поправа и пристапот до пероните, ќе биде реконструирана и улицата до станицата и кружниот тек, а ќе бидат поставени нови улични светилки и нова урбана опрема. Инвестицијата треба да ја направи општина Велес.
-Со реконструкцијата на железничката станица ќе се подобри инфраструктурата и ќе се овозможи над две илјади студенти, ученици, работници посигурно и побезбедно да стигнат на своите работни места, факултети, училишта во Скопје, посочија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top