| четврток, 6 декември 2018 |

Се обновува патот за Вашарејци (видео)

Почна обновата на патот за Вашарејци и тоа само една недела откако овој дел од Македонија го посети Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ со дел од тимот министри кои беа во обикола на крушевското село Бучин. Таму жителите како најважно барање го истакнаа проблемот со патот и тој по седум дена почна да се асфалтира.

vasarejci-280x180

Седум дена подоцна, машините излегоа на терен и веќе се асфалтира и прошируваат на тесните грла на патот Бучин- Вашарејци- Ивановци- Трновци. Овој пат преставува решавање на најгорливиот проблем на жителите од овие населени места.

Граѓаните псочуваат, Груевски си остана на зборот, го одржа ветувањето.

-По доаѓањето на претседателот на ВМРО ДПМНЕ патот почна да се гради, брзо почна градбата.Овој пат беше доста оштетен, голем број на жителите го користиме, истакнува жител на Вашарејци.

Задоволни од брзата реакција жителите посочуваат дека претходниот пат им бил значајна пречка.

-Одалечени сме по 30 километри од Битола и исто толку од Прилеп дупки колку сакаш, непрооден беше, сега е друго, сега патот е поширок, може две коли слободно да се разминат, патот ни е важен бидејќи поврзува 4 општини Битола Демир Хисар, Крушево Прилеп, посочува жител на Крушевското село Бучин.

Задоволни се и жителите на Ивановци. Тие додаваат, не е само патот, сега како што се гради никогаш порано не било така. И субвенции се добива за тутун, кромидот, пиперките. Порано тоа го немаше, истакнува постар жител на селото кој долги години се занимава со земјоделие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top