| четврток, 6 декември 2018 |

Ненадеен пресврт: Западот ќе го признае Крим, Обама на работна акција за обнова на Севастопол (ФОТО)

Потпретседателот на руската влада, Дмитриј Рогозин неочекувано на градилиште во Севастопол се сретнал со работник кој неверојатно личи на американскиот претседател Барак Обама.

Obama zidar vo Sevastopol

„Кого сѐ не ќе сретнеш во Севастопол! Западот очигледно одлучил да го признае Крим и да учествува во неговата обнова после украинската власт“, напишал на Твитер Рогозин, а пренесува руската ТВ Звезда.

Дмитриј Рогозин е во работна посета на Севастопол, каде што заедно со генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“, Александар Михевев, го посетил претпријатието за производство на авиони и ги разгледал плановите за негова модернизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top