| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски ќе брани во Катар

borkoБорко Ристовски, голманoт на македонската машка ракометна репрезентација, кариерата ќе ја продолжи во Катар, во дресот на Ал Ахли, официјално соопшти бундеслигашот Гумерсбах. Ристовски заминува во еден од најдобрите клубови од Катар, кој се прости со навивачите.
-Сакам да ја изразам својата благодарност до управата и навивачите на Гумерсбах, кои засекогаш ќе останат во моето срце. Им посакувам се најдобро во иднина. Ми беше потребен нов предизвик во кариерата и истиот, го најдов во Катар- изјави Ристовски за интернет страната на Гумерсбах.
Катарскиот клуб е деветти за голманот Ристовскиво кариерата. Претходно, покрај на Гумерсбах, тој ги бранеше боите на РК Работнички, РК Југ, РК Македонија, РК Вардар, РК Металург, Теукро и Алгеирас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top