| четврток, 6 декември 2018 |

Петиција за подебела принцеза на „Дизни“

Повеќе од 22.000 луѓе потпишаа петиција на интернет, која од медиумската корпорација „Дизни“ бара да направи нов лик на принцеза, која би била подебелка и би ги имала и сите прекрасни карактеристики на претходните незаборавни, но
слаби анимирани женски ликови на „Дизни„, јави „Би-Би-Си“.

Кампањата на интернет ја организираше американската средношколка, Џувел Мур од Фармвил во Вирџинија, која верува дека позитивниот „подебел“ лик ќе даде поттикнувачка порака за жените во светот, кои се борат со килограмите.

– И самата сум „покрупна“, а знам уште многу девојки на кои им е потребно еден таков медиумски лик во поголема величина, ја појасни Мур својата иницијатива. Кога „Дизни“ би направил главен женски лик во поголема величина која би била еднакво паметна, убава и незаборавна како другите, тоа би донело многу добро за сите оние дебелки девојки во целиот свет кои непрекинато ги бомбардираат со глетки, поради кои се чувствуваат лошо, затоа што не одговараат на слабите стандарди, порача Mур.

Медиумската франшиза „Дизни принцес“, во сопственост на фабриката „Волт Дизни компани“, е формирана  кон крајот на 90-тите години од минатиот век, а опфаќа некои од најпознатите Дизниеви женски ликови како Снежана, Пепелашка, Ариел, Покахонтас и други. „Дизни“ сè уште не одговори на петицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top