| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гевгелија одамна коцката е фрлена!

Се на­о­ѓа на са­мо 70 ки­ло­ме­три од Со­лун, а на 165 ки­ло­ме­три од Скоп­је и ток­му по­ра­ди зна­чај­ни­те со­о­бра­ќај­ни­ци што се вкр­сту­ва­ат ту­ка од се­вер и од југ, Ге­вге­ли­ја прет­ста­ву­ва европ­ска пор­та за си­те тие што трг­на­ле на се­вер

Ге­вге­ли­ја е град во ју­го­и­сточ­ни­от дел на Ма­ке­до­ни­ја, сме­сте­на во Ге­вге­ли­ско-ва­лан­дов­ска­та Кот­ли­на во не­по­сред­на бли­зи­на на гра­ни­ца­та со Гр­ци­ја.

Ед­на ле­ген­да ве­ли де­ка гра­дот сво­е­то име го до­бил со до­а­ѓа­ње­то на еден дер­виш, кој не са­кал да си оди од гра­дот би­деј­ќи мно­гу му се до­пад­нал. Жи­те­ли­те не са­ка­ле да го при­мат и ре­ши­ле на­си­ла да го про­го­нат. Раз­лу­тен од тоа, дер­ви­шот поч­нал бес­но да ги про­кол­ну­ва жи­те­ли­те, кои се исп­ла­ши­ле и го по­ви­ка­ле на­зад со збо­ро­ви­те „гел-ге­ри“ што зна­чи „дој­ди по­втор­но“. Иа­ко ле­ген­да, ге­вге­ли­ча­ни ова го сме­та­ат за зак­ле­тва на пред­ци­те т.е. се­ко­гаш да би­дат до­бро­дој­де­ни тие што ре­ша­ва­ат да ги вдо­мат сво­и­те идеи во гра­дот.

Gevgelija-reportaza74-2

Цр­ква­та „Св. Спас“ е нај­ста­ра во ре­ги­о­нот

Цр­ква­та „Све­ти Спас” е нај­ста­ра­та цр­ква во ре­ги­о­нот, из­гра­де­на на по­че­то­кот од 19 век, ка­де што за па­на­ѓу­рот во чест на све­те­цот-па­трон до­а­ѓа­ле лу­ѓе ду­ри од Со­лун.

На по­че­то­кот Пр­ва­та бал­кан­ска вој­на, не­кол­ку­па­ти би­ла до­гра­ду­ва­на и об­но­ву­ва­на, но, спо­ред пре­да­ни­ја­та, би­ла из­гра­де­на во 1842 го­ди­на. Ма­на­стир­ски­от комп­лекс за­фа­ќа го­ле­ма по­вр­ши­на со ма­на­стир­ска цр­ква, кам­ба­на­ри­ја, но­во­из­гра­де­ни ко­на­ци и уре­ден двор со лоз­је. Зад ма­на­стир­ски­те ѕи­ди­ни се ста­ри­те и но­ви град­ски гро­би­шта. Во цр­ква­та се со­чу­ва­ни две ста­ри ико­ни од 1767 го­ди­на и тоа „Воз­не­се­ние Хри­сто­во“ и „Исус Хри­стос Со­др­жи­тел“. На ста­ри­те гро­би­шта е по­гре­бан вој­во­да­та Ле­о­нид Јан­ков, од се­ло Ма­чу­ко­во, ле­ген­да­рен по пес­на­та „Тр­ба тр­би Ге­вге­ли­ско“.

Ге­вге­ли­ја ка­ко град поч­на­ла да се раз­ви­ва уште од сре­ди­на­та на 19 век, ко­га на­се­ле­ни­е­то од овие кра­е­ви ја по­чув­ству­ва­ло по­тре­ба­та да соз­да­ва со­вре­ме­на на­сел­ба ка­ко по­мош на ми­ну­ва­чи­те-тр­гов­ци и да би­де до­ма­ќин на нив­ни­те па­ту­ва­ња кон Бли­ски­от Исток со мно­гу­број­ни ано­ви. Оваа ме­ди­те­ран­ско по­драч­је отсе­ко­гаш прет­ста­ву­ва­ло зна­чај­на кр­стос­ни­ца за пат­ни­ци­те и за сто­ка­та. Со из­град­ба на же­лез­нич­ка­та пру­га Скоп­је-Ге­вге­ли­ја-Со­лун во 1873 го­ди­на и на авто­па­тот Скоп­је-Ге­вге­ли­ја, таа ста­на зна­ча­ен тран­зи­тен ко­ри­дор. Се на­о­ѓа на са­мо 70 ки­ло­ме­три од Со­лун, а на 165 ки­ло­ме­три од Скоп­је и ток­му по­ра­ди зна­чај­ни­те со­о­бра­ќај­ни­ци што се вкр­сту­ва­ат ту­ка од се­вер и од југ, Ге­вге­ли­ја прет­ста­ву­ва европ­ска пор­та за си­те тие што трг­на­ле на се­вер.

Gevgelija-reportaza74-3

Ори­ги­нал­но­то из­да­ние на „Ог­ле­да­ло“ од Пеј­чи­но­виќ се чу­ва во биб­ли­о­те­ка­та „Го­це Дел­чев“

По­че­то­ци­те на биб­ли­о­теч­на­та деј­ност во Ге­вге­ли­ја да­ти­ра­ат од 1910 го­ди­на, ко­га во гра­дот е фор­ми­ра­но пр­во­то чи­та­ли­ште за по­тре­би­те на драм­ска­та сек­ци­ја и рас­по­ла­га­ло со сим­бо­ли­чен кни­жен фонд до­не­сен од при­ват­ни­те биб­ли­о­те­ки. Во пер­и­о­дот ме­ѓу две­те свет­ски вој­ни чи­та­ли­ште­то не ра­бо­те­ло ре­дов­но. По ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на Ге­вге­ли­ја, тоа е об­но­ве­но до до­на­ци­ја на око­лу 3.000 кни­ги од гра­ѓа­ни­те. Згра­да­та во ко­ја е сме­сте­на биб­ли­о­те­ка­та е прог­ла­се­на за спо­ме­ник на кул­ту­ра­та.

Gevgelija-reportaza74-4Во оваа биб­ли­о­те­ка се чу­ва и ори­ги­нал­но­то из­да­ние на „Ог­ле­да­ло“ од Ки­рил Пеј­чи­но­виќ. Кни­га­та дол­го вре­ме би­ла во до­мот на ед­но се­мејс­тво, кое се­га ја до­ни­ра­ло, и таа ќе би­де со­од­вет­но за­шти­те­на и ре­ста­ври­ра­на и ќе се чу­ва за­ед­но со дру­ги­те вред­ни пред­ме­ти.

Гра­дот има ме­ди­те­ран­ска кли­ма, а пла­ни­на­та Ко­жуф со сво­јот нај­ви­сок врв Зе­лен-бег прет­ста­ву­ва при­род­на гра­ни­ца ме­ѓу ме­ди­те­ран­ска­та и кон­ти­нен­тал­на­та кли­ма. Ве­лат де­ка ов­де има 240 сон­че­ви де­но­ви во го­ди­на­та и ва­кви­те кли­мат­ски по­год­но­сти овоз­мо­жу­ва­ат под ова ме­ди­те­ран­ско под­неб­је да ви­ре­ат и ме­ди­те­ран­ски пло­до­ви смо­кви, ка­лин­ки, мас­лин­ки, ман­да­ри­ни и ли­мо­ни. За­пад­но од Ге­вге­ли­ја се сре­ќа­ва ед­но ре­тко и единс­тве­но зим­зе­ле­но др­во на Бал­ка­нот, поз­на­то ка­ко „гол чо­век” (Arbutus andrachne), чи­е­што стеб­ло е пре­кри­е­но со цр­вен­ка­ста и луш­пе­ста ко­ра. Ко­га ќе го до­пре­те, има­те чув­ство де­ка до­пи­ра­те неж­на чо­веч­ка ко­жа. Лис­ја­та му се јај­це­вид­ни, а цве­то­ви­те рас­по­ре­де­ни ка­ко гроз­до­ви.

Gevgelija-reportaza74-5

Ко­жуф – пла­ни­на на џи­но­ви­те

Во ан­тич­ко вре­ме Олимп би­ла пла­ни­на­та на бо­го­ви­те, а пла­ни­на­та Ко­жуф на џи­но­ви­те. За­тоа и де­нес еден од вр­во­ви­те на Ко­жуф се ви­ка Ѕе­на. Име­то Ко­жуф зна­чи ко­жув­че од јаг­не­шка ко­жа што го но­сат ов­ча­ри­те за за­шти­та би­деј­ќи ова е ме­сто­то ка­де што мо­же­те да се за­сол­ни­те и да го нај­де­те сво­јот мир. Ко­жуф е пос­лед­на­та не­до­пре­на еко­ло­шка оа­за во Евро­па.
Gevgelija-reportaza74-6Ски-цен­та­рот „Ко­жуф“ е су­пер­мо­де­рен цен­тар за зим­ски спор­то­ви што, по­крај фан­та­стич­ни­те ус­ло­ви за ски­ја­ње и сно­у­борд, ну­ди и лет­ни актив­но­сти: уре­де­ни па­те­ки за пе­ша­че­ње во дол­жи­на од сто ки­ло­ме­три низ бу­ко­ва шу­ма и ви­со­ки­те го­ли пре­де­ли на Ко­жуф. Без раз­ли­ка да­ли ќе дој­де­те на ски­ја­ње или на пла­нин­ски ве­ло­си­пе­ди­зам, пла­ни­на­ре­ње, ја­ва­ње ко­њи, ри­бо­лов на па­стрм­ка, ви­син­ски спорт­ски под­го­то­вки или наб­љу­ду­ва­ње пти­ци, на Ко­жуф ќе се чув­ству­ва­те ка­ко џи­но­ви по­ра­ди не­чеп­на­ти­те шу­ми из­ме­ша­ни од бу­ко­ви и од ело­ви дрв­ја.

Во 1860 го­ди­на во Ге­вге­ли­ја има­ло 800 жи­те­ли, но ед­на де­це­ни­ја по­доц­на бро­јот на жи­те­ли­те двој­но се зго­ле­мил. Во гра­дот жи­веeле по­ве­ќе од 3.000 жи­те­ли. По­крај глав­на­та ули­ца, ко­ја би­ла кал­др­ми­са­на и освет­ле­на со фе­не­ри, ник­на­ле зда­ни­ја­та на око­ли­ска­та и на оп­штин­ска­та упра­ва, во­е­на­та ка­сар­на и по­ве­ќе дво­кат­ни ку­ќи. Во 1890 го­ди­на во Ге­вге­ли­ја има­ло по­ве­ќе од 4.000 жи­те­ли, од кои 3.600 би­ле Ма­ке­дон­ци, а дру­ги­те Тур­ци, Ро­ми и Чер­ке­зи.

Gevgelija-reportaza74-7

Те­а­тар во Ге­вге­ли­ја

Ге­вге­ли­ја до­би но­ва згра­да за сво­јот те­а­тар. До­се­га на сце­на­та на оваа ин­сти­ту­ци­ја се оди­граа „Свад­ба­та на Фи­га­ро“ на МНТ и „Фа­ни-ма­ни“ на Те­а­тар 007. Во 2011 го­ди­на бе­ше град на кул­ту­ра­та, ка­де што се одр­жаа по­ве­ќе од 130 на­ста­ни од об­ла­ста на кул­ту­ра­та. Со тоа поч­на со­ра­бо­тка на ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва со Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар, уста­но­ва со ко­ја е пот­пи­шан две­го­ди­шен до­го­вор за со­ра­бо­тка. За ова умет­нич­ки­от ди­ре­ктор и ре­жи­сер Де­јан Прој­ков­ски ре­че:

– Европ­ска­та пра­кти­ка ве­ли де­ка за еден те­а­тар да за­жи­вее ви­стин­ски се по­треб­ни ме­ѓу три и се­дум го­ди­ни. Ме­ѓу­тоа, Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар, Драм­ски­от те­а­тар и си­те те­а­три во Ма­ке­до­ни­ја сто­и­ме на рас­по­ла­га­ње во вни­ма­тел­но­то, би ре­кол, соз­да­ва­ње и не­гу­ва­ње на тој те­а­тар­ски жи­вот во Ге­вге­ли­ја.

Нај­јуж­ни­от ма­ке­дон­ски град е мно­гу прив­ле­чен за Гр­ци­те од по­гра­нич­ни­те на­се­ле­ни ме­ста, но има по­се­ти­те­ли и од Со­лун. Ние бев­ме во че­твр­ток, ко­га и нив ги има најм­но­гу. То­гаш е па­за­рен ден. Во бу­ти­ци­те, иа­ко по­ре­тко, најм­но­гу се ку­пу­ва за де­ца­та и за мла­ди­те.

– Во на­ши­от бу­тик пре­теж­но ку­пу­ва­ат мла­ди­те од Гр­ци­ја. Се­га е ве­ќе зим­ска се­зо­на, па нај­ба­ра­ни се блу­зи­те, ту­ни­ки­те, јак­ни­те и ка­пу­ти­те. Ов­де це­ни­те се мно­гу по­при­стап­ни за нив откол­ку во Гр­ци­ја – ве­ли Ма­ри­ја Ка­ра­ја­но­ва од еден бу­тик.

Мно­гу од Гр­ци­те го по­се­ту­ва­ат Град­ски­от па­зар, а најм­но­гу ги има ток­му во че­твр­ток, ко­га е па­за­рен ден, и за ви­кен­ди­те, но и се­кој ден. Ку­пу­ва­ат сѐ – од ком­пи­ри, ма­ру­ла и млад кро­мид, до јуж­но овош­је – ба­на­ни, ман­да­ри­ни, пор­то­ка­ли.

Спа­со Трај­ков, кој про­да­ва до­маш­но ви­но и ра­ки­ја, е за­до­во­лен.

– Ку­пу­ва­ат мно­гу и ви­но и ра­ки­ја, ама најм­но­гу ра­ки­ја–ма­сти­ка, ко­ја е слич­на на нив­но­то узо, за­тоа што ту­ка це­на­та е на­по­лу по­ни­ска и чи­ни три евра за еден ли­тар. Ги има се­кој ден. Да не се тие, ќе има са­мо ед­на тез­га. Ва­ка сѐ е пре­пол­но и од тез­ги со про­да­ва­чи и од ку­пу­ва­чи од со­сед­на Гр­ци­ја – ве­ли Спа­со.

Gevgelija-reportaza74-9

Вар­дар­ски Рид бил еден од нај­моќ­ни­те ра­но­ан­тич­ки гра­до­ви

Со истра­жу­ва­ња­та на Вар­дар­ски Рид бе­ше обе­ло­де­не­то нај­ви­со­ко­то до­стиг­ну­ва­ње на кул­тур­ни­от раз­вој на ед­на ци­ви­ли­за­ци­ја. На дес­ни­от брег од ре­ка­та Вар­дар, а вед­наш до вле­зот на Ге­вге­ли­ја, бе­ше откри­ен ар­хе­о­ло­шки ло­ка­ли­тет, кој оп­фа­ќа шест хо­ри­зон­ти, од­нос­но на­сел­би, раз­лич­ни по сво­ја­та ор­га­ни­за­ци­ја, ар­хи­те­кту­ра и под­виж­ни ар­хе­о­ло­шки на­о­ди. Ста­ну­ва збор за на­сел­би од пра­и­сто­ри­ско­то и од ан­тич­ко­то вре­ме со ин­тен­зи­вен и кон­ти­ну­и­ран жи­вот од кра­јот на брон­зе­но­то вре­ме до па­дот на ан­тич­ка­та ма­ке­дон­ска др­жа­ва и вос­по­ста­ву­ва­ње­то на рим­ска­та до­ми­на­ци­ја на овој дел од Бал­ка­нот.
Gevgelija-reportaza74-10Про­нај­де­ни­те мер­мер­ни скулп­ту­ри и фраг­мен­ти, те­ра­ко­ти­те и култ­на­та пла­сти­ка, ме­гар­ска­та ча­ша со сим­бол на ма­ке­дон­ски­от штит, сре­бре­ни­те мо­не­ти со ли­кот на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски збо­ру­ва­ат за зна­чај­но­то исто­ри­ско, кул­тур­но и ду­хов­но жи­ве­е­ње во еден од нај­моќ­ни­те ра­но­ан­тич­ки гра­до­ви во По­вар­да­ри­е­то – Гор­ти­ни­ја или Ата­лан­та.

Гр­ци­те ги по­се­ту­ва­ат и игра­ат во мно­гу­број­ни­те спорт­ски об­ло­жу­вал­ни­ци. Но најм­но­гу од сѐ во Ге­вге­ли­ја ги прив­ле­ку­ва­ат ка­зи­на­та со ре­сто­ран и хо­тел – две­те што се мал­ку по­да­ле­ку од гра­дот „Фла­мин­го“ и „Прин­цес“, ка­ко и „Апо­ло­ни­ја“ во стро­ги­от цен­тар на гра­дот.Најм­но­гу ги има за вре­ме на ви­кен­ди­те, а ге­вге­ли­ча­ни оце­ну­ва­ат де­ка Гр­ци­те до­а­ѓа­ат за­тоа што за „пет-шест евра мо­жат и да се коц­ка­ат и да ја­дат“.

Gevgelija-reportaza74-8Смо­кви­ја­да

Тра­ди­ци­о­нал­на­та ма­ни­фе­ста­ци­ја „Смо­кви­ја­да“ се­ко­ја го­ди­на со­би­ра огро­мен број под­го­тву­ва­чи на сла­тко од смо­кви. Во рам­ки­те на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та, по­крај при­го­тву­ва­ње­то сла­тко од смо­кви, се одр­жу­ва и са­ем на тра­ди­ци­о­нал­на хра­на и на про­из­во­ди, ка­ко и бо­га­та кул­тур­но-за­бав­на про­гра­ма. Смо­кви­ја­да­та поч­ну­ва со де­фи­ле на си­те учес­ни­ци, а по­тоа сле­ду­ва­ат со­др­жи­ни­те.

Ве­лат де­ка ка­зи­на­та за вре­ме на ви­кен­дот се пре­пол­ни со игра­чи. Во стро­ги­от цен­тар на Ге­вге­ли­ја со­се­ма со­лид­но ра­бо­тат и мно­гу­број­ни­те ка­фу­ли­ња и ка­фе­а­ни. Еден од ме­на­џе­ри­те на ка­фу­ле во чар­ши­ја­та рас­ка­жу­ва де­ка Гр­ци­те до­а­ѓа­ат се­којд­нев­но, нај­че­сто на ка­фе.
– Во ви­кен­ди­те на­ве­чер има­ме го­сту­ва­ње и на ди­џеи од Гр­ци­ја, а сви­рат и на­ши, ма­ке­дон­ски гру­пи и сѐ е пол­но.

Сви­ле­ни бу­би се чу­ва­ат во Ге­вге­ли­ја

Ге­вге­ли­ча­ни се­ко­гаш би­ле уни­кат­ни. На по­че­то­кот на ми­на­ти­от век ге­вге­ли­ски­те се­мејс­тва ма­сов­но се за­ни­ма­ва­ат со чу­ва­ње сви­ле­ни бу­би. Всуш­ност, тоа се вид га­се­ни­ци, кои во фа­за­та пред пре­тво­ра­ње во пе­пе­ру­га ла­чат теч­ност што во до­пир со воз­ду­хот се стврд­ну­ва и фор­ми­ра неж­на ку­ќар­ка „кук­ла“ со при­род­на бо­ја на сви­ла. Бу­би­те се хра­нат со ли­сто­ви од ду­дин­ка, па та­ка Ге­вге­ли­ја и до ден-де­нес се ла­ди во сен­ки­те на ова др­во. По­сто­е­ла и фа­бри­ка за пре­ра­бо­тка на сви­ле­ни­от ко­нец, ка­де што бе­ли­те „кук­ли“ се по­то­пу­ва­ле во ка­за­ни со вре­ла во­да и од нив се вле­че­ле тен­ки сви­ле­ни кон­ци.

Во пос­лед­ни­ве го­ди­ни за Гр­ци­те од по­гра­нич­ни­те ме­ста во Ге­вге­ли­ја и око­ли­на­та сѐ по­а­кту­ел­но е из­нај­му­ва­ње стан во те­кот на це­ла­та го­ди­на. Дел од жи­те­ли­те на гра­дот ве­лат де­ка ме­сеч­но из­нај­му­ва­ње стан чи­ни од 100 до 150 евра, до­де­ка во Гр­ци­ја е не­кол­ку­па­ти по­ска­по.

– Мно­гу че­сто ов­де из­нај­му­ва­ат стан грч­ки­те пен­зи­о­не­ри, па за­тоа не­ма ста­но­ви за нас. Освен во Ге­вге­ли­ја, ги има и во се­ла­та и во на­се­ле­ни­те ме­ста ка­ко Смо­кви­ца, Не­гор­ци, Сто­ја­ко­во и сѐ е пол­но – ве­ли еден ге­вге­ли­ча­нец.

Во Ге­вге­ли­ја до­бро ра­бо­тат и сто­ма­то­ло­зи­те и фри­зер­ски­те са­ло­ни. Има по­ве­ќе од 20 сто­ма­то­ло­шки ор­ди­на­ции, а са­мо во но­ем­ври се отво­ри­ле но­ви че­ти­ри фри­зер­ски са­ло­ни.

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 74. број на неделникот „Република“, 31.01.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top