| четврток, 6 декември 2018 |

За Единбург, Камерон е кукавица

cameron-salmondБританскиот премиер Дејвид Камерон ги повикал Шкотите да гласаат против независноста на овој дел од Обединетото Кралство.

– Ние сакаме да останете со нас – порача Камерон, во пораката дадена од Олимпискиот парк во Лондон . Тој додава дека „земјата ќе биде значително ослабната“ доколку Шкотска на референдумот се определи за напуштање на Обединетото Кралство. Тој изразил верување дека поголемиот дел од граѓаните на Шкотска ќе гласаат „против“ на 18 септември, за кога е закажан референдумот за независност на Шкотска, бидејќи „тие знаат дека сега со Велика Британија се значаен играч на глобалната сцена“.

Шкотската влада го осуди говорот на Камерон, а заменик-премиерот Никола Старџин го оцени како „кукавичлак“, затоа што повикот го упатува од Лондон, а не од Единбург, Шкотска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top