Овој современ проект замислено е да има мултинаменска примена па така во него ќе биде сместена современа кино сала со 3 Д проекција, ќе има симулирање на планетариум, а ќе биде користен и за литературни средби, најразлични поетско-драмски читања, потоа како место за културно – книжевни промоции, а и како центар за регистрација на идните брачните парови.

Дизајнот на овој објект замислен е како челична конструкција во комбинација со стакло, а неговиот дизајн ги воодушеви сите љубители на модерната архитектура.

Надворешните пирамидални зидови ќе бидат со димензии 10 x 10 м, а висината 12 м. Внатрешноста на ова мултимедијално плато ќе изнесува 200м2, а ќе се пристапува со скали и пристапна рампа од страната на тротоарот на Булеварот.
Неговата изградба е предвидена за второто полугодие на оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


