| четврток, 6 декември 2018 |

Здравјето на Михаел Шумахер е исклучително слабо

Mihael-Šumaher1

Здравјето на Михаел Шумахер, пораншениот шампион во Формула 1, е исклучително слабо и тој се наоѓа во состојба на вегетација, изјави шефот на болницата во Хамбург, д-р Хајнц Петер Мецке.

Шумахер се повреди на скијање и има сериозни повреди на главата. Од декември минатата година тој е во кома и, според зборовите на д-р Хајнц, се наоѓа во вегетативна состојба.

Лекарите во болницата што го лекуваат Шумахер, пред една недела го почнаа процесот за негово будење од кома. Шумахер е во вештачка кома од 29 декември, по тешката повреда на скијање во Франција, кога со главата удри во камен.
На седумкратниот светски шампион во Формула 1 оттогаш двапати му беше извршена операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top