Партијата на Руфи Османи го обвини актуелниот градоначалник на општина Гостивар Невзат Бејта дека скандалозно ја води општината и објави документи според кои првиот човек на градот платил астрономска цена за фаќање кучиња-скитници во Гостивар.
– За фаќање на едно куче сегашната гарнитура на ДУИ патила минимална цена од 1.500 евра, додека мега-цената за фаќање едно мега-куче изнесува 775.200 денари или 12.600 евра – велат од НДП.
Само во временскиот период од девет месеци Невзат Бејта за фаќање кучиња-скитници му префрлил околу 20.000 евра на директорот на Јавното претпријатие „Комуналец“.
За објективо информирање на јавноста во времето кога општината ја раководеше кадар на НДП за четири години, и тоа од период од 2009 година до 2013 година, за овие специфични услуги платил само 15.000 евра, односно по 3.750 евра секоја година.
Повеќе на shqip.republika.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.