| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Небо во капини“ во издание на „Икона“

небо од капини

По повод одбележувањето на словенечкиот културен празник, 8 февруари – Прешернов ден, Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, делегацијата на Европската Унија и издавачката куќа “Икона“ ќе се промовира книгата “Небо во капини“ од словенечката писателка Наташа Крамбергер.

Настанот ќе се одржи во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, Делегацијата на ЕУ и издавачката куќа “Икона“.

Промоцијата ќе се одржи во рамките на серијата настани „Културни приказни“ на ЕУ инфо центарот. Авторката Крамбергер е добитник на наградата за литература на ЕУ, и тоа токму за книгата „Небо во капини“. Наградата ѝ беше доделена во 2010 година, кога добитник беше и македонскиот писател Гоце Смилевски, за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“.

Авторката ќе биде присутна на промоцијата која ќе се одржи на 7 февруари во 19.30 часот во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје. Промотор е проф Александар Прокопиев. На промоцијата ќе присуствува и ќе се обрати амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец.

Преводот на книгата “Небо во капини “ е објавен со помош на програмата Култура на Европската Унија 2007-2013 и Министерството за култура на Република Македонија. Преводот од словенечки јазик е на Драгана Ефтимова.

Серијата настани “Културни приказни”на ЕУ инфо центарот има за цел да ја промовира европската култура, како и придонесот на националната култура во европската.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top