И втората жртва во нападот со огнено оружје што се случил вчера во Крива Паланка е пренесена во скопскиот Ургентен центар откако вчера провалник пукал, по што сопругата во тешка состојба е префрлена во Ургентниот центар на скопските клиники, каде што врз неа е извршен компликуван медицински зафат.
Неофицијално, се работи за прострелна рана во градниот кош поради која таа е во критична, но стабилна состојба.
До инцидентот дошло кога вооружениот провалник, кој бил маскиран, бил забележан од сопствениците на семејна куќа во Крива Паланка, додека се обидувал да ги ограби.
По инцидентот, крадецот избегал од местото на настанот, а локалната полиција работи на случајот.
Се очекува полицијата во текот на денот да даде детали за вооружениот грабеж во Крива Паланка, во кој се ранети двајцата сопружници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.