Индустриската развојна зона Ранковце за која денеска ќе биде поставен камен-темелник, ќе се протега на површина од 40 хектари.
На почетокот на градежните работи на новата зона ќе бидат присутни премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и претставници на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и на локалната самоуправа во Крива Паланка.
Засега нема најави кога првите компании ќе започнат со работа од оваа зона.
Технолошко-индустриски развојни зони досега има во Скопје, Битола, Тетово и Штип, а планирани се и во Гевгелија, Струмица,Прилеп, Кичево, Струга и Радовиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.