Турско-кинеската компанија „Веибо груп“ која ќе инвестира во индустриската зона во Ранковце, денеска донираше 295 пакети со облека и обувки за сите деца од општина Ранковце.
Во спортската сала на основното општинско училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“ пакетите со пролетни јакни и патики на дечињата од Ранковце им ги поделија маркетинг директорот на „Веибо груп“, Андреја Авис Моше и менаџерот и партнер – основач на групацијата Иршад Мустафа Канџа, а на настанот присуствуваше и заменик министерот за образование , Спиро Ристовски.
– Оваа донација претставува поддршка на образованието, поддршка на младите и ние како компанија постојано се залагаме за стимулација на образовните процеси и во нашите матични држави каде дејствуваме, Кина и Турција,преку земјите каде е неопходна помош, како Индија и камбоџа, а еве сега и во Македонија. Ова е знак на искажување почит на населението овде, каде наскоро ќе го отвориме погонот и директно ќе бидат вработени околу 5000 лица – изјави Андреја Авис Моше, маркетинг директор на Веибо груп.
Моше нагласи дека нивната компанија се занимава со масовно производство на текстилни производи и секогаш навремено ги опслужуваат нивните коминтетнти.
– Веибо груп веќе отпочна со работа во погон во Крива Паланка, каде ќе работат околу 500 работници, дел преземни од постојна текстилна фирма, а дел нововработени. Тој погон се планира да биде проширен и да бидат вработени дополнителен број луѓе, а наскоро ќе започнат работите на погонот во село Петралица, во Ранковце. Очекуваме праксата на квалитетно производство да се воспостави и тука, нагласи Иршад Мустафа Канџа, партнер –основач на групацијата Веибо.
Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, упати благодарност до одговорните од Веибо, што како општествено одговорна компанија ги усреќи дечињата од Ранковце.
– Морам да искажам особена благодарност до Веибо груп како една од компаниите која ја осозна генералната политика на Владата за инвестирање во Макеоднија. Но Веибо не само што со инвестицијата директно ќе помогне во развојот на економијата на државата и намалување на невработеноста, туку и ја покажува својата општествена одговорност. Како општествено одговорна компанија денес донираше облека и обувки за децата од основното образование, но и од предучилишните установи од Ранковце, изјави Ристовски.
Тој упати апел и до останатите компании од земјава да го следат примерот на Веибо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Вработени во „Веибо Груп“ го блокираа патот Крива Паланка – Куманово