На гостувањето во шоу емисијата на Иван Ивановиќ најдобриот српски и моментално вториот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ откри дека пред четири години имал намера да се откаже од тенисот бидејќи никако не можел да ги помине Надал и Федерер на АТП листата, односно долго време бил трет.
– На почетокот на 2010 година сакав да го оставам тенисот. Дојдов до таа фаза кога психички многу пати ќе паднете, па во прашање ги ставате своите способности, квалитетот, можностите да дојдете до првото место. Знаев дека морам да ги победам Рафа и Роџер да дојдам на првото место. Тогаш го освоив Вимблдон, тоа ми беше целта – изјави Ѓоковиќ.
Откако беше елиминиран во четвртфиналето на Австралија Опен, многу се запрашаа дали Новак го направи вистинскиот чекор кога за тренер го ангажираше Борис Бекер.
– Сите ме прашуваа зошто го ангажирав Бекер. Вајда останува мој тренер, а токму на негова иницијатива дојде Бекер. Марјан сакаше да и се посвети на фамилијата, а и заедно констатиравме дека некои големи натпревари ги губам бидејќи потклекнувам во клучни моменти. Затоа одлучивме да доведеме некој кој бил во слични ситуации, кој знае со каков притисок се соочуваат тенисерите. Борис би требало да ми помогне околу тоа – додаде Новак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


