| четврток, 6 декември 2018 |

Али Ахмети соработувал со УДБА уште во 1992 година?

ali ahmeti

фото: Ботасот

Весникот Ботасот кој излегува во Косово и во дијаспората, објави документ со кој се тврди дека лидерот на ДУИ Али Ахмети бил шион на УДБА. Според весникот, документот го добиле од хуманитарната организација „Сали Чеку“ од Швајцарија, а во извештајот со датум од 28 јануари 1992 година подготвен од секретаријатот за надворешни работи на СФРЈ, се вели дека Али Ахмети примил голема сума пари од југословенскиот конзул во Женева во замена за две видео снимки со воени активности на Албанци во камп на границата меѓу Швајцарија и Франција.

000ali-ahmeti

Југословенскиот потсекретар Зоран Јаначковиќ кој е потпишан на документот во извештајот вели:

„По ваш налог , конзулот М.К. во Женева врачи пари во готовина, кој според вашиот допис е наменет за Али Ахмети албански емигрант со престој во Швајцарија. Состанокот е видео и фото документиран. На состанокот Ахмети достави две видео снимки со обука на албански терористи во еден напуштен камп, логор, на границата меѓу Швајцарија и Франција. На снимките се гледаат Џавид Халили, Џафер Шатри, Фазли Велиу, Селим Реџепи, Маљоку Флорим, Махмут Бардил, Али Сабри и извесно лице за кое Али Ахмети тврди дека надимакот му е „Кури“. Соработникот тврди дека на овој собир требало да присуствува и висок офицер на ЈНА, но од безбедносни причини не се појавил.“ 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top