Американскиот рапер постави слика од дијамант вреден околу 3,2 милиони долари, а неговата девојка Кеси секако дека кажала „да“.
Иако не бил многу оригинален, Пи Диди успешно ја запроси неговата девојка Кеси, и тоа преку социјалната мрежа „Инстаграм“ што не е ни чудно кога ја поставил сликата од огромен дијамант вреден 3,2 милиони долари и ја запрашал дали сака да се омажи за него.
Богатството на познатиот рапер и продуцент се проценува на повеќе од 530 милиони долари, па така ова било само мал трошок за него.
А ова било романтичното прашање:
– Душо дали ти се допаѓа? Само сакам да ти поклонам нешто што многу го сакаше и да те натерам да се насмееш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



