| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Јелена уживај додека можеш, за неколку месеци си моја

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, бил гостин кај популарниот Иван Ивановиќ, каде за прв пат кажал кога тој и Јелена ќе се венчаат.

– За големиот успех на хуманитарната фондација „Новак Ѓоковиќ” најзаслужна е  мојата вереница Јелена Ристиќ, која е со мене во студиото, изјавил Новак.

Тенисерот тогаш се пошегувал и пред сите рекол:

– Јелена, уживај додека можеш. За неколку месеци презимето Ристиќ го менуваш во Ѓоковиќ.

Публиката тоа го поздравила со аплауз, а вереницата на Ноле не можела да ја скрие насмевката од своето лице.

Новак и Јелена се верија во септември минатата година. Тенисер после 8 години врска ја запроси Јелена на романтично патување во Франција, а сега за прв пат зборувал за потенцијалниот датум на нивната свадба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top