Најефикасниот играч на РК Вардар во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров, кој е еден од најдобрите играчи во светот на позицијата лево крило, доби уште едно признание од ЕХФ ТВ. Неговиот гол против Динамо Минск е прогласен за најдобар од крилна позиција.
Дарко Станиќ, кој е голман на РК Металург, истото признание го понесе за најдобра одбрана. Тој на натпреварот против ПСЖ му го одбрани ударот на Игор Вори од линјата од шест метри.
Видеото со најубавите потези од досегашниот дел од сезоната можете да го погледнете на следниов линк:
http://www.laola1.tv/en-int/video/facebook-voting-the-best-of-the-best/153221.html
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.