| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал на чајот и читањето во „Феникс“

Со врачување на признанието „Гоцева мисла“ на Олга Панкина, денеска во 11 часот во Културниот центар „Феникс“ почна традиционална свеченост со која се одбележува роденденот на Гоце Делчев. Истовремено почнува и „Фестивалот на чајот и на читањето“. Организатори на свеченоста се „Феникс“ и фондацијата „Македонија презент“. Притоа, свечено ќе биде врачена наградата „Гоцевата мисла“ на Олга Панкина – за нејизиниот вкупен придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, посебно за големиот број преводи и објавени дела од македонски автори на руски јазик. Свеченоста ќе биде збогатена и со отворање на самостојната тематска изложба „Концепт/концерт за гласно молчење и нечујно свирење“ на тема музика и музичари од доц. д-р Христо Петрески, која ќе ја отвори проф.д-р Иванка Апостолова. Со врачувањето на наградата и ликовната изложба, всушност, ќе почне „Фестивалот на чајот и на читањето“, кој во Културниот центар „Феникс“ ќе се одржува од 4 февруари до 8 март, со голем саемски попуст на книги, промоции, изложби, почнување на курсот за креативно пишување, манифестацијата „Денови на прозата“, врачување награди и признанија и слично.

FBC37EA642DB1E40AB7D021844BB3826

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top