| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановиќ му донесе три бода на Челси (видео)

Во дербито од 24. коло од англиската Премиер лига, фудбалерите на Челси на гостински терен ја совладаа екипата на Манчестер сити со резултат 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ.

Воведните десетина минути на „Етихад“ поминаа без посериозни акции, а потоа Сити имаше две добри шанси да дојде во водство преку Јаја Туре. Во 27. минута Челси ја имаше првата голема шанса да го отвори резултатот, но одличната контра не успеја да ја реализира Рамиреш. Сепак, пет минути подоцна Челси со силниот и прецизен удар на Ивановиќ поведе со 1-0.

Во финишот од првото полувреме Челси можеше да го зголеми водството, но Ето успеја само да ја погоди пречката. Во 66. минута по изведениот корнер на Челси, Гери Кехил стрелаше со глава, но само во дирекот.

Со оваа победа Челси се изедначи со Манчестер сити по бројот на бодови, двете екипи имаат по 53 бода и заостануваат 2 бода зад водечкиот Арсенал.

BRANISLAV IVANOVIĆ – goal vs. CITY by beraharyson

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top