| четврток, 6 декември 2018 |

Собраниска делегација од Македонија на молитвен појадок во Белата куќа

belata kuka

Собраниска делегација на чело со потпретседателката на македонското Собрание, Сузана Салиу, од утре до 7 февруари ќе учествува на молитвениот појадок во Вашингтон. Во состав на делегацијата се и пратениците Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев и Андреј Петров.

Секоја година членовите на Конгресот и претседателот на САД, заедно со други високи функционери, како и дипломати и пријатели од повеќе од 140 земји од светот, се собираат на заеднички појадок да се молат и да се заблагодарат за заемното пријателство и благосостојба.

Молитвениот појадок во Вашингтон е традиционален, национален американски собир што се организира по 62. пат, каде што еден до друг седат разни функционери од целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top