| четврток, 6 декември 2018 |

Саманта од „Сексот и градот“: Љубоморна на физиотерапевтот на Ливерпул

Актерката Ким Катрал, која ја знаеме како Саманта од серијата „Сексот и градот“, објави фотографија од фудбалерот на Ливерпул, Стивен Џерард, со интересен коментар.

Популарната Саманта ја објави фотографијата на која се наоѓа капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард,  кој e во придружба на физиотерапевтот Крис Морган, чија рака се наоаѓа на половината на капитенот, а нејзиниот коментар гласи:

„Имав можност неколку пати да се сретнам со Стивен, но никогаш не се обидов да му се доближам толку близу“.

Ким Катрал е родена во Ливерпул и е голем навивач на оваа екипа. Таа неколку пати доаѓала да ги бодри „црвените“, а тоа се случи и на дербито со Мерсисајд.

Ким зад себе има три пропаднати брака, додека, пак, фудбалерот е среќно оженет од 2007 година со Алекс Куран, со која има три деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top