| четврток, 6 декември 2018 |

Џерард ги нападна играчите на Лестер: Вие сте виновни за отказот на Раниери!

stiven zerard

Легендата на англискиот фудбал Стивен Џерард вели дека играчите на Лестер се најодговорни за бркањето на Клаудио Раниери од клупата на шампионот. Џерард се чуди како играчите што минатата сезона беа шампиони, сега не можеа да победат ниту еднаш, сè додека Раниери не доби отказ.

Откако италијанскиот стратег доби „шут карта“ од Лестер, тимот победи на два меча по ред и тоа против Ливерпул (3-1) и Хал (3-1). Џерард е разочаран од однесувањето на играчите на Лестер.

– Мислам дека играчите на Лестер многу го разочараа тренерот. Покажаа големо непочитување кон Раниери. Откако Клаудио доби отказ, играчите на последните два натпревари, покажаа борбеност и желба, нешто што не го покажуваа во претходниот дел од сезоната – вели Џерард, кој работи во тренерската академија на Ливерпул.

Лестер моментно е на 15 место на табелата со пет бода повеќе од зоната која е за испаѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top