| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар потешко од очекувањата има предност на полувреме (16-13)

Во првиот натпревар од четврфиналните групи ЖРК Вардар на домашен терен игра против германскиот претставник Турингер.
Вардарки во грч го започнаа мечот и му дозволија на Турингер да ја води играта и да го наметне своето темпо.
Индира Кастратовиќ прва побара тајм-аут и им укажа на своите избранички дека мора да играат поцвсто во одбраната и повеќе движење без топка во нападот. Беа направени и неколку измени во составот кои се чини ја донесоа екипата до оваа предност од три голови.
кај германскиот состав се истакнаа голманката Мерц и шпанската репрезентативка Барбоса која во целото полувреме е нерешлива енигма за одбраната на скопјанки. Најефикасна сепак е Ивета Лузумова со четири гола.
Во составот на ЖРК Вардар Хмирова и Дмитровиќ постигнаа по четири погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top