| четврток, 6 декември 2018 |

Нови правила во шпанскиот ракомет

шпанија-словенијаШпанската ракометна ASOBAL федерација одлучи да направи неколку измени на правилата за следната сезона, со што  шпанското првенство би било покомпетитивно, погледливо и од поголема корист за националните репрезентации.

Од шампионатот во сезоната 2014/15 наместо 9, ќе можат да се регистрираат 4 странски ракометари надвор од европската унија. Ова правило можеби денес не влијае на ростерите на 16 клуба, кои играа во највисокиот ранг, но во проект од неколку години, шпанците мора да размислуваат на нивната иднина.

На последните две сениорски и младински светски првенства, Шпанија играше во финалето и целта им е шпанските млади ракометари да добиваат шанса во своите клубови, а оние странски ракометари кои ќе пристигнуваат да бидат со проверен квалитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top