| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателските избори закажани на 13-ти април

Собранискиот спикер Трајко Вељановски денеска ги распиша претседателоските избори и соопшти дека тие ќе се одржат на 13-ти април.

– Согласно уставната обврска која ја имам како претседател на Собранието на Република Македонија и согласно роковите утврдени во Изборниот законик, денес го потпишав Решението за распишување на избор за претседател на Република Македонија. Изборот за претседател на Република Македонија се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Имајќи во предвид дека на 20 април е големиот христијански празник Воскресение Христово, почитувајќи ги чувствата на сите верници од христијанска вероисповед и водејќи сметка тогаш да не биде ниту првиот, ниту вториот круг, одлучив изборот за претседател на Република Македонија да биде на 13 април 2014 година, вели Вељановски.

Вељановски апелираше до сите учесници најодговорно и најсовесно да се раководат исклучиво по уставните и законските одредби, и уште еднаш да покажеме дека наша заедничка примарна цел е просперитетот на Македонија.

Кампањата ќе започне дваесет дена пред изборите, а партиите се уште не излегле со кандидатури за шеф на државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top